Челси руши рекорди во женскиот фудбал, прв трансфер вреден 1 милион

by bojan
1 минути читање
Наоми Гирма

Голем број на извори пренесуваат дека Челси ќе испише историја кога е во прашање женскиот фудбал и ќе го реализира првиот трансфер вреден 1 милион.

„Сините“ изминативе години се во фокусот откако трошеа пари на засилувања како никој друг, и во кратко време инвестираа над 1 милијарда.

Челси сега ќе испише нова историја и ќе го направи првиот трансфер вреден 1 милион во женскиот фудбал.

Голем број на извори пренесуваат дека Наоми Гирма се согласила да го промени Сан Диего Вејв со Челси во зделка вредна околу 1,1 милион долари.

24 годишната дефанзивка од САД имала слична понуда и од Лион, но на крајот решила да го одбере Лондон како следна дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани