Францускиот фудбалер Пол Погба изјави дека ја одбил понудата од Русија за време на суспензијата поради допинг и сака повторнo da игра во Лигата на шампионите.
Погба минатиот февруари беше суспендиран на четири години откако претходно во септември 2023 година падна на допинг тест.
Кариерата Французинот ќе може да ја продолжи во март, а медиумите го поврзуваат со бројни клубови ширум светот. Се шпекулра дека би можел да оди во саудиската лига, МЛС или француската, а имаше и понуди од Русија.
Во разговор со познатиот франциски стример, Аим Ма Ту зборуваше за тоа што се случувало во претјодните месеци.
„Имаше понуди и интересни работи, но и не толку интересни. Добив понуда од Русија, но тоа не е моја цел. Клуб кој игра во Лигата на шампионите? Зошто да не. Ако дојде понуда секако“, изјави Погба.
„Секогаш сакаме да бидеме во најдобрите клубови, но се потоа не зависи од мене, тука се уште многу други работи“, додаде поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Јувентус.