Спировски: Размислуваме само на Израел, за Албанија потоа

by
1 минути читање

Македонија на 2. септември му гостува на Израел во Хаифа а потоа ја пречекува Албанија во Струмица.

Стефан Спировски кој по одличните настапи за Вардар во Европа се пресели во Ференцварош, верува во добри резултати на престојните квалификациски дуели.

„Сите ќе бидеме подготвени, а се надевам дека ќе имаме и малку повеќе среќа. Атмосферата во тимот е одлична, ако ја пренесеме формата и ефикасноста од настапите на клупски план, мислам дека ќе биде позитивно за нас во Израел. Наша задача во овие неколку денови  е да го дадеме најдоброто од себе на тренинзите и да ги исполниме задачите кои ги бара од нас селекторот. За 90-те минути во Израел убеден сум дека секој што ќе добие шанса ќе даде максимум. Мислите ни се насочени единствено кон пресметката на 2-ри септември, чекор по чекор, подоцна за Албанија“, изјави Спировски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани