Федерико Бернардески кој има 30 години и го носи дресот на Торонто од МЛС лигата е еден од најплатените во првенството, а во овој клуб пристигна пред две ипол години од Јувентус.
Во Торонто Италијанецот заработува нешто под пет милиони евра годишно, а негов соиграч е и Лоренцо Инсиње.
Иако во Торонто е еден од главните фудбалери, неговиот физички изглед прилично се променил. Клубот објави интервју со него на социјалните мрежи, а дел од навивачите и не го препознаа.
Бернардески направил и пластична операција на лицето поради која многумина тврдат дека изгледа и постаро.
„Изгледа маскирано“, „Се гледа дека се навикнува на животот во Торонто, таму пластичните операции се секојдневие“, „Изгледа како да има 50, а не 30 години“, „Што му се случило, не го препознав?“, се само некои од коментарите под видеото.
Always. Ready.
— Toronto FC (@TorontoFC) January 17, 2025
Homemade Pt.2: Offseason with Federico Bernardeschi in Turin 🇮🇹 | All For One presented by @Bell
Full Episode 📺: https://t.co/qx7FQOvK9o pic.twitter.com/pUd4nvB3HS