1,5K
Неколку извори објавија дека Манчестер јунајтед отворил преговори со Лече за ангажман на Патрик Доргу, кој е поевтина опција од Милош Керкеш.
Рубен Аморим бара ангажман на нов лев бек во јануари, на листата со желби има неколку имиња како Милош Керкеш, Нуно Мендеш и Патрик Доргу.
Попладнево неколку извори објавија дека „ѓаволите“ отвориле преговори со Лече за ангажман на Патрик Доргу со оглед на тоа дека Борнмут и ПСЖ бараат многу пари за Милош Керкеш, односно Нуно Мендеш.
Но и Патрик Дорги нема да биде толку евтин, Лече за неговите услуги бара помеѓу 35 и 40 милиони евра.