360
Анте Ребиќ се врати во калчото откако потпиша со Лече, ама не се прослави премногу.
Хрватскиот крилен напаѓач во поразот на неговиот тим од Каљари (4-1) доби црвен картон. Течеше 73 минута кога Ребиќ направи глупост. Тој го згазна Јери Мина, па по ВАР проверка доби исклучување од главниот судија.