415
Килиан Мбапе беше двоен стрелец во победата на Реал Мадрид над Лас Палмас од 4-1 во 20. коло на шпанската Ла Лига.
Француската ѕвезда го постигна првиот гол од белата точка со кој израмни по раниот шок, а потоа стрела и по асистенција од Родриго за 3-1. Овој натпревар беше прв за „десетка“ во дресот на Реал за Мбапе.
На оваа тема кратко прашање доби тренерот Карло Анчелоти. Италијанецот не е изненаден од перформансот на фудбалерот.
„Мбапе даде два гола? Луѓе, па Мбапе е најдобар напаѓач на светот“, го поддржа Анчелоти.