Официјално: Спировски потпиша за Ференцварош

by
0 минути читање

27-годишниот македонски репрезентативец, Стефан Спировски откако му помогна на Вардар да направи историски успех, се пресели во Ференцварош.

„Ференцварош потпиша договор со Стефан Спировски кој доаѓа од Вардар Скопје“ – потврди унгарскиот клуб.

Стефан Спировски со одличните игри во средниот ред беше еден од најзаслужните игри за успехот на Вардар. Македонскиот шампион како негова замена го донесе Србинот, Вања Марковиќ.

Ференцварош по седум одиграни кола се наоѓа на петтото место на табелата. Тимот оваа сезона ќе биде фокусиран само на унгарското првенство бидејќи во квалификациите од Лига Европа беше елиминиран од Митјиланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×