Фудбалерите на Реал Мадрид немаа проблеми и во рамиите од 20. коло во шпанската Ла Лига славеа лесна победа над Лас Палмас со 4-1.
„Кралевите“ беа изненадени и примија гол уште во првата минута кога погоди Силва, меѓутоа тоа фаворитот само како да го налути.
Мбапе од пенал во 18. го изедначи резултатот, а веќе во 33. Диаз погоди за целосен пресврт. Три минути подоцна и третпат се тресеше мрежата на гостите и одново стрелец беше Мбапе.
Мбапе постигна гол и во завршницата од првиот дел, но по реакција на ВАР беше поништен поради недозволена позиција.
Во второто полувреме видовме само еден гол на Родриго со кој беа поставени конечните 4:1.
Реал Мадрид со овој триумф го искористи киксот на Атлетико Мадрид кој беше поразен од Леганес викендов и сега тие се лидери со 46 бода, „јорганџиите“ се на 44, Барселона е трета со 39.