Тимот на Наполи вчера оствари важна победа во битката за Скудетото во дербито со Аталанта, а по натпреварот тренерот Антонио Конте зборуваше за својот тим.
Италијанскиот стратег истакна дека има максимална доверба во екипата.
Имаме одлична сируација, но ние цврсто стоиме на земја. Го загубивме Квара, а ако донесеме искусен играч на неговото место, вие медиумите ќе почнете да пишувате дека Конте добил играч за Скудетото. Ако треба да направиме нешто на трансфер пазарот, тоа треба да биде нешто правилно, во спротивно, ќе продолжам со овие момци кои ги имам сега.
Конте не го заборави и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој пред Лајпциг настапуваше за Наполи.
На крајот од денот, секој може да размислува и да толку онака како што сака, секој може да дава мислења дали сме посилни, или послаби од шампионскиот тим. Сепак, ако се гледаат фактите, најдобрите играчи кои му помогнаа на Наполи да стане шампион веќе не се тука. Тоа беа Ким, Осимен, Кварацхелија и Зиелински, а да не ги заборавиме и Марио Руи и Елмас.