Шпанците на нозе: Ја оштетија ли судиите Селта за пенал против Реал? (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид дури по продолженија ја исфрли Селта Виго (5-2) во осминафиналето на Купот на кралот.

Шпанската јавност е зачудена зошто судијата Мунуера Монтеро и главниот ВАР асистент Хернандез Хернандез при резултат 0-0 не досудија пенал за Селта. Голманот Андреј Лунин беше невнимателен и го „собра“ Вилиот Сведберг во 37. минута од натпреварот.

Судиите останаа неми и покрај протестите на гостинските фудбалери. Поради оваа случка Шпанците се кренаа и ја критикуваа одлуката на арбитрите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани