1,1K
Страхиња Павловиќ во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти Милан и да се пресели во Фенербахче.
Српскиот фудбалер добро почна во Милан, но по неколку кикса го загуби местото во стартниот тим.
Засега не успева да се врати во тимот, а Милан ја разгледува можноста да го прати на позајмица или да го продаде со цел да ослободи место за играч надвор од Европската Унија.
Интерес за Павловиќ покажал Фенербахче и преговорите веќе се почнати. Наводно двата клуба се блиску до договор.