885
Медиумите од Германија пренесуваат дека агентот на Алфонсо Дејвис не успеал да пронајде заеднички јазик со лидерите на Баерн Минхен за продолжување на соработката.
Алфонсо Дејвис ги одработува последните месеци од договорот со Баерн Минхен и има многу гласини за неговата иднина.
„Баварците“ беа оптимисти и се надеваа дека ќе успеат да постигнат согласност за нова соработка, но како што пренесува Билд, агентот на левиот бек си заминува од Минхен без договор со раководството на Баерн.
Агентот сега ќе седне на преговори со други четири клубови – Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Манчестер Сити.