Манчестер Сити руши рекорди, договори и трето засилување

by bojan
1 минути читање
Мармуш

Манчестер Сити начелно постигнал договор со Ајнтрахт Франкфурт за трансфер на Омар Мармуш, Египјанецот ќе биде третото засилување за Пеп Гвардиола овој месец.

„Граѓаните“ ќе потрошат за нив рекордна сума во зимскиот преоден рок, актуелниот шампион на Англија успешно завршил уште едни преговори.

Новинарот Фабрис Хокинс објави дека Манчестер Сити и Ајнтрахт Франкфурт начелно го договориле трансферот на Омар Мармуш и сега се пеглаат последните детали.

Се верува дека трансферот на Египјанецот ќе биде вреден помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Омар Мармуш ќе биде третото засилување за Пеп Гвардиола овој месец, од претходно се договорини Абдукодир Хусанов од Ленс за 50 милиони евра, како и Витор Реис од Палмеирас за 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани