410
Доскорешниот селектор и легенда на Камерун, Ригоберт Сонг ќе има нова африканска авантура.
Сонг е назначен за нов селектор на Централноафриканската република. Целта на оваа селекција е да се бори за пласман на Светското првенство во 2026 година, иако има минимални шанси за такво нешто бидејќи по четири кола е петтопласирана во групата, а само првопласираниот оди на Мундијалот.
Инаку Ригоберт Сонг како фудбалер играше за Мец, Салернитана, Ливерпул, Вест Хем, Келн, Ленс, Галатасарај и Трабзонспор.
За репрезентацијата на Камерун одигра 137 натпревари, а од 2022 до 2024 беше селектор.