Интер загуби два бода против Болоња (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во денешниот меч со Болоња, Интер влезе со шест победи по ред во Серија А, но иако играше пред своите навивачи не успеа да триумфира, натпреварот заврши 2-2.

Болоња поведе уште во 15. минута од натпреварот со гол на Кастро, но само четири минути подоцна Интер изедначи со погодок на Думфрис.

Во судиското продолжение од првото полувреме Лаутаро Мартинез даде гол за комплетен пресврт и водство на Интер од 2-1.

Течеше 64. минута кога по асистенција од Орсолини, Холм даде гол за 2-2 што беше и конечен резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани