Каланоски се врати во Гостивар

by riste
1 минути читање

Гостивар го потврди ангажманот на напаѓачот Антонио Каланоски за кој ова е враќање во овој клуб.

Каланоски се враќа во редовите на Гостивар како слободен фудбалер откако во првиот дел го носеше дресот на Брера.

Тој за Гостивар претходно играше во сезоната 2022/23.

Во првиот дел од сезоната за струмичкиот клуб собра 14 настапи. Во својата кариера настапуваше уште за: Силекс, Шкупи, Беласица, Победа, Струга, Борец, Царев Двор, Еуромилк, Металург, Напредок, Локомотива и Охрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани