1,K
Иван Илиќ е пред трансфер во првенството на Русија, каде што ќе настапува за екипата на Спартак Москва.
23-годишниот српски репрезентативец кој е член на Торино од 2023 година, а сега за сума од 25 милиони се сели во Русија. Тој би требало во текот на следната седмица да пристигне во Москва, да мине медицински прегледи и да стави потпис на договор.
Во Спартак доаѓа по директна желба и барање на тренерот Дејан Станковиќ. Оваа сезона Илиќ за Торино одигра 13 натпревари и постигна гол.
Инаку Илиќ како младинец беше дел од школата на Манчестер Сити, а како сениор играше за Земун, Бреда и Верона пред да пристигне во Торино.