Новинарот Жозеп Педрерол објави дека Трент Александер Арнолд ќе биде фудбалер на Реал Мадрид, прашање е само дали десниот бек ќе пристигне на „Бернабеу“ во јанури или пак во јули месец.
Трент Александер Арнолд ги одработува последните месеци од договорот со Ливерпул, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па подолго време се говори дека десниот бек може да заврши во Реал Мадрид.
Како што пренесува новинарот Жозеп Педрерол, „кралевите“ постигнале договор со ТАА и се убедени дека Англичанецот ќе го облече белиот дрес, прашање е само дали во јануари или јули месец.
Флорентино Перез е подготвен да плати помеѓу 25 и 30 милиони евра за уште во зимскиот преоден рок да го ангажира Трент Александер Арнолд.
Ливерпул пак не сака да слушне за разделба со десниот бек за сума помала од 35-40 милиони евра.
🚨 EXCLUSIVA @jpedrerol 🚨
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 15, 2025
✅ "ARNOLD JUGARÁ en el REAL MADRID la temporada que viene".
💰 "Podría llegar este enero… si el Liverpool pide 35-40M". pic.twitter.com/W7OOt6Jh8r