Алберто Коста пристигна во Торино да го комплетира трансферот во Јуве (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

21-годишниот португалски десен бек, Алберто Коста доцна синоќа пристигна во Торино за да го комплетира трансферот во Јувентус.

Тој денеска треба да ги мине медицинските тестови и да стави потпис на договорот со италијанскиот клуб.

Коста доаѓа од Виторија Гимараеш, а Јувентус за него ќе плати 12,5 милиони евра плус 2,5 милиони евра во бонуси.

Покрај овој трансфер деновиве Јуве ќе ја комплетира и позајмицата на Коло Муани од ПСЖ. Во зделката нема опција за целосен откуп, се работи за чиста позајмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×