Манчестер сити по двете победи во низа во Премиер лигата вечерва одигра само реми на гости кај Брентфорд (2:2).
Беа избраниците на Пеп Гвардиола подобар противник од првата минута, но во првите 45 минути не видовме погодоци.
Резултатот беше отворен во 66. минута кога погоди Фил Фоден по асистенција на Кевин Де Брујн. Само 12 минути подоцна, Фоден уште еднаш се запиша во листата на стрелци за зголемување на предноста.
Прво Виса намали на 1:2 во 82. минута за во завршницата Норгард да ги постави конечните 2:2.
Повторно без победа во Премиер лигата остана Челси кој ремизираше 2:2 на домашен терен против Бормут.
Челси прв стигна до предност со голот на Кол Палмер во првото полувреме, но Бормут во вториот дел преку Клајверт и Семењо направи целосен пресврт. Бод за Челси донесе Рис Џејмс со погодокот во 92. минута.
Третиот натпревар во истиот термин помеѓу Вест Хем и Фулам заврши со победа на домаќините од 3:2.