Поранешниот тренер на Вардар со коментар во Русија : Платите на фудбалерите на Зенит се „недостижно небо“ за Вардар!

by
1 минути читање

Долго
оспоруваниот поранешен тренер од клупата на Вардар, Русинот Сергеј Андреев во
изјава за медиумите во неговата земја го прокоментира македонскиот првак како
противник на Зенит во групата „Л“ од Лига Европа.

Групата за Зенит
е одлична и лесно може да се мине. Го тренирав Вардар две години, нивното ниво
на квалитет не се споредува со она на Зенит. Вредноста на фудбалерите на Зенит
и нивните плати сее неколку пати повисоки во однос на буџетот на Вардар. Зенит
е сигурен на првото место во својата група, можно е да има некаква борба од
страна на Реал Сосиедад но како и да е Зенит ќе мине добро во оваа група
“ вели
Сергеј Андреев.

Дел од моето
срце остана во Македонија, станав шампион во таа земја, имав одлична соработка
со сопственикот на клубот, кој е со потекло од Ростов
“ додаде Андреев во
изјавата за руски „СпортЕкспрес“.

Како за
потсетување, Андреев во Македонија дојде како добар познаник на сопственикот на
клубот Сергеј Самсоненко, веднаш по неговото преземање на најтрофејниот
македонски клуб.

Откако не успеа
да избори ниту излез во Европа во првата сезона, беше на удар на јавноста, а
откако во следната сезона беа потрошени огромни пари на засилувања, потешко од
очекувањата го крена трофејот во македонскиот фудбалски шампионат, по што си
замина од клубот пред две сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×