Дефанзивец на Севиља приведен, намерно добивал картони за пријателите да „ќарат“ во обложувалница!

by 24 фудбал
1 минути читање

Неверојатни информации доаѓаат од Шпанија поврзани со дефанзивецот на Севиља Кике Сакас.

22-годишникот бил приведен од страна на Националната полиција поради наводна вмешаност во обложувачки скандал. Според информациите на Шпанците, младиот Салас намерно добивал жолти картони играјќи за Севиља, а на тоа негови пријатели се обложувале и имале сериозни добивки.

Местењето натпревари во сите форми е забрането во Шпанија, па поради тоа Салас беше приведен за време на постапката. Постои шанса во овој скандал да се вмешани и други фудбалери и лица, па истрагата е во тек.

На крајот на претходната сезона Кике Салас од 30. до 38. коло на осум одиграни натпревари доби седум жолти картони, а токму за тој период се води истрага.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани