181
Стратегот од
клупата на Фенербахче е „попарен“ од шокот кој му го приредија вардаровите
фудбалери, па тој направи невидена сцена на пресконференцијата по мечот.
„Немам што да ви
кажам…“ им кажа стратегот од клупата на турскиот гигант, Ајкут Кочаман на
новинарите кои беа присутни во прес центарот чекајќи изјава од него, по што ја
напушти пресконференцијата по натпреварот.
Кочаман делуваше
мошне самоуверено во изјавите пред реванш пресметката во Истанбул, говорејќи
дека на Вардар неговиот тим може да му даде голови, онолку колку што сака.