Јаневски: Колку ќе заработи Вардар? Овој успех не се купува со пари

by
1 минути читање

Вардарци функционираа беспрекорно по нотите на Чеде Јаневски, момците одиграа фантастичен натпревар, го победија Фнербахче и во Истанбул и за прв пат во својата историја се пласираа во групната фаза од Лига Европа.

„Мислам дека го заслуживме ова. Честитки до играчите кои што ја напишаа оваа историја на клубот. Вардар две години по ред беше блиску до пласман во групна фаза, и еве успеа оваа година. Знаевме дека вака ќе игра тимот на Фенербахче, и затоа трениравме и се подготвувавме. Имавме и шанси во првиот дел да дојдеме до гол, знаете после онаа шанса на Барсегјан. Во вториот дел после водството на противникот знаевме дека ќе имаме шанса преку проивнапади, и тоа се случи. Дадовме гол, а на крајот и уште еден за оваа голема победа. Ова е голема вечер за нас, историска затоа што го направивме најголемиот успех. Ова е успех на Вардар и на целокупниот македонски фудбал“, рече Јаневски на прес конференцијата по мечот.

На прашањето колку ќе заработи Вардар со оваа победа и пласманот во Лига Европа, Јаневски одговори:

„Не знам навистина колку пари ќе заработи клубот, но знам дека оваа победа и овој успех не се купува со пари. Овој успех е на играчите, јас верував во нив, тие веруваа во мене и заедно стигнавме онаму каде што заслужуваме. Исто така тука е и раководството и нашиот сопственик господинот Самсоненко кој што со своите вложувања има голем придонес во овој успех“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×