Фудбалерите на Тотнем со голема мака се радуваа на гостувањето кај петтолигашот Тамворт во ФА Купот и дури по продолженија славеа со 0-3 (0-0).
Натпреварот на „Лемб Граунд“ во Тамворт се одигра пред 4.000 навивачи, а премиерлигашот сериозно се измачи за да дојде до победата. Домашната екипа пружи одличен отпор и на навивачите им подари 120 минути фудбал.
Мрежите мируваа во двете полувремиња од регуларниот дел, а потоа во 101. минута Тотнем стигна до предност. По еден слободен удар кој беше изведен со комбинација топката од пред ногата на Соланке во сопствената мрежа ја смести Шикуна (0-1).
Набргу потоа во 107. минута точка на натпреварот стави Дејан Кулушевски. Шведското крило со македонски корени доби топка од Сон, па откосо биеше за 0-2. Точка на победата стави младото крило Бренан Џонсон со погодок за 0-3 во 118. минута од средбата.
Претходно во драматичен меч исто така по продолженија Донкастер го изненади Хал (1-2).