Галатасарај доби лоши вести од агентите на младата ѕвезда Јунус Акгун во преговорите за продолжување на неговиот договор.
24-годишниот турски репрезентативец во моментов има договор до јуни 2026 година, со плата од 300,000 евра бидејќи истиот е одамна потпишан. Сега клубот му нуди продолжување на договорот со плата од 1,5 милиони евра, меѓутоа фудаблерот не сака да го прифати тоа.
Напротив, Акгун има побарувачка од 2,5 милиони евра, што би било покачување од 833% во однос на претходната плата. Клубот е изненаден од барањето на 24-годишникот, меѓутоа можеби и ќе попушти во преговорите со цел играчот да не влезе во последната година од договорот.
Досега Јунус Акгун за Галатасарај одигра 86 натпревари, постигна 17 гола и забележа 14 асистенции.