Васоски прозиваше, Силекс тргна во подоготвки со една цел – да го одбрани врвот во ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Есенскиот првак Силекс ги стартува подготовките за втората полусезона во ПМФЛ.

Александар Васоски ја одржа првата зимска прозивка по паузата и играчите ги започнаа тренинзите. Планот е да се тренира во Кратово, а потоа да се замине во Анталија каде што ќе се одиграат квалитетни тестови.

Силекс закажа четири пријателски натпревари во Турција. Првиот е против Нефтчи Фаргона, потоа игра со Ружомберок, па Воитсберг и кулминација ќе биде пресметката со украинскиот гигант кој често игра и во Лигата на шампионите Шахтјор.

Момците на Васоски на рестартот во ПМФЛ играат против Тиквеш на 16 февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани