Џуд Белингем не сакаше да остане покус па имаше што да му каже на Пабло Мафео за изјавата дека за 10 секунди ќе го нок-аутира Винисиус Жуниор доколку двајцата влезат во ринг и ги одмерат силите во бокс меч.
И по два дена по крајот на натпреварот помеѓу Мајорка и Реал Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, на социјалните мрежи се објавуваат нови информации од случувањата на теренот и тензичната атмосфера.
Овој пат во фокусот е Џуд Белингем,, кој не сакаше да остане покус па имаше што да му каже на Пабло Мафео, кој со години има нетрпеливост со Винисиус Жуниор.
„Десет секунди а? Десет секунди бокс? Ти само еден обичен мекуш!“ – порача Англичанецот.
Jude Bellingham to Pablo Maffeo: “10 seconds, eh? 10 seconds boxing no? You fucking soft prick”
— Kay | Snapchat & IG Ads (@KayRMFC) January 11, 2025
😭😭 pic.twitter.com/M17Hdx8vA1
Пред натпреварот, актуелна стана едно видео од Пабло Мафео во кое десниот бек говори дека е голем љубител на боксот. Тој исто така беше запрашан што би се случило доколку тој и Винисиус Жуниор влезат во ринг.
„Ќе биде најгледаната борба во историјата, тоа е сигурно. Сигурно ќе победам, немам сомнеж. Ќе го нок-аутирам за 10 секунди“ – рече Пабло Мафео.
И покрај тоа што фудбалерот на Мајорка потоа објасни дека сето ова било кажано на шега, играчите на Реал Мадрид очигледно многу сериозно ја сфатија изјавата.