Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер поставил цена на Давиде Фратези, доколку Рома сака да го ангажира фудбалерот ќе треба да плати 45 милиони евра, додека пак Јувентус и Наполи ќе треба да одвојат дури 70 милиони евра.
Давиде Фратези не е задоволен со минутажата која ја добива од Инзаги, и иако јавно не се побунил за својот статус на „Меаца“, неговиот агент напорно работи зад сцената и овој месец го понудил на неколку клубови од Серија А.
Ваквото однесување на агентот не им се допаднало на лидерите на Интер, па тие се подготвени да го продадат Италијанецот.
Рома, Јувентус и Наполи се посочуваат како клубовите со кои агентот на Давиде Фратези опипал терен за трансфер, и како што пренесува Газета дело Спорт, „нероаѕурите“ ги одредиле условите за трансфер.
Актуелниот шампион на Италија смета дека Рома во моментов не им толку голем ривал, па „волчицата“ може да го купи Давиде Фратези за 45 милиони евра.
За Јувентус и Наполи цената е значително повисока, и тие ќе треба да одвојат околу 70 милиони евра.
Интер исто така е подготвен да направи дополнителен компромис со Рома, односно Давиде Фратези во прв момент да биде испратен на позајмица, а „волчицата“ исто така ќе може на неколку рати да го плати фудбалерот.