Чеде Јаневски со неколку промени во тимот за реваншот во Истанбул, ова се почетните состави за Фенербахче – Вардар

by
1 минути читање

Вардар вечерва му
гостува на турскиот гигант Фенербахче во реванш дуелот помеѓу овие две екипи од
плејоф рундата во квалификациите за пласман во групите од Лига Европа, откако
во првиот натпревар во Скопје, нашиот првак обезбеди триумф од 2-0.

Избраниците на
Чедомир Јаневски имаат отворен пат за историски успех и прво учество во групна
фаза од некое елитно европско клупско натпреварување, а веќе се познати и
почетните состави на обете екипи во пресрет на самиот старт на мечот.

Вардар: Гачевски, Џигаури, Спировски, Блажевски, Барсегјан, Велкоски, Хамбарѕумјан, Николов, Новак, Фелипе и Брдаровски.

Со оглед на
исклучувањето во самата завршница од првиот меч во Скопје, вон комбинација за
настап во Истанбул ќе биде вардаровиот капитен Бобан Грнчаров, неговото место
ќе го заземе Дарко Велкоски, онака како што се најавуваше и претходно.

Мала измена во
составот има и во однос на тоа што Ерменецот Џамбул Џигаури ќе стартува на
десната крилна офанзивна страна, додека пак на клупата ќе се најде стартерот од
првиот дуел, Дамир Којашевиќ.

Третата измена е Владица
Брдаровски кој на левата бековска позиција ќе го замени Бесир Демири кој исто
така во Истанбул ќе почне од клупата а во Скопје беше стартер. Капитенската
лента ќе ја носи искусниот Дејан Блажевски.

Во однос на
формациската поставеност, Јаневски не менува ништо, останува на истата со
4-2-3-1, а најмногу голови и овој пат ќе се очекуваат од Ерменецот Тигран
Барсегјан, кој беше стрелец на водечкиот погодок за нашиот првак во првиот
натпревар.

Мечот на „Шукру
Сарачоглу“ арената во Истанбул стартува во терминот од 19 часот и 30 минути,
главен делител на правдата ќе биде полскиот арбитар Марчин Бонијек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×