581
Шпанскиот фудбалер Борха Саинц е казнет со шест натпревари неиграње од страна на англиската ФА, плус санкција од 12.000 фунти.
Најдобриот стрелец на Чемпионшип лигата во натпреварот против Сандерленд (2-1) на 21 декември плукна противник во лице. Тој потоа го призна делото и призна дека се кае, а дури и му се извини на Крис Мефам.
Сепак, ФА не му прости и драконски го казни најдобриот фудбалер на Норич.
Оваа сезона Саинц во Чемпионшип лигата котира на врвот на листата на стрелци и веќе има 15 постигнати погодоци.