Потпис во Дебар Маало: Алексовски останува на голот и во пролетниот дел од сезоната

by Стефан
1 минути читање

Голманот Игор Алексовски ќе остане во редовите на Работнички и во вториот дел од сезоната, потврди клубот од Дебар Маало.

Договорот на чуварот на мрежата заврши со крајот на есенскиот дел од сезоната, меѓутоа двете страни се договорија за продолжување на соработката.

Така Алексовски кој кариерата ја започна во Македонија Ѓорче Петров, а бранеше уште за Шкупи и Вардар ќе го чувар голот на дебармаалци и во вториот дел од сезоната.

Работнички зад себе има одлична полусезона и се наоѓа на третата позиција со 37 бода, но исто толку имаат лидерот Силекс и второпласираната Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани