Брера доведе наследник на Михаилов!

by Стефан
1 минути читање

Струмичка Брера го назначи Тони Атанасов за наследник на Горзад Михаилов кој си замина по првиот дел од сезоната, а него ќе му помага Панче Стојанов.

Ова е одлуката на Управата на клубот откако спогодбено ја раскинавме соработката со Горазд Михаилов кој ги водеше сениорите во есенскиот дел. Атанасов и Стојанов со Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите ќе го предводат тимот низ подготвителниот период како и за пролетниот дел од првенството.

„Подготвките ги започнуваме утре сабота и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството“, изјави Атанасов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани