Винисиус Жуниор често е на мета на противниците и фановите, но Бразилецот уште еднаш покажа дека е голем провокатор, камерите го уловија што му довикуваше на Пабло Мафео по голот на Џуд Белингем за 1-0.
На синоќешниот натпревар помеѓу Мајорка и Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија имаше многу тензични моменти, а по последниот свиреж на судијата настана и голема мешаница.
Во фокусот најчесто беа Пабло Мафео и Винисиус Жуниор, помеѓу кои пости голема нетрпеливост со години.
И додека дефанзивецот на Мајорка можеби знае некогаш да претера со своите некомпромисни и остри стартови, како и психолошката војна, напаѓачот на Реал Мадрид уште еднаш покажа дека е голем провокатор.
По голот на Џуд Белингем и водството на Реал Мадрид од 1-0, камерите го уовија Бразилецот како му довикува на Пабло Мафео, „Си одиш дома, си одиш дома. Премногу си лош, си одиш дома…“.
Карло Анчелоти не сакаше да ескалира ситуацијата, па му даде наредба на Винисиус Жуниор да се фокусира на случувањата на теренот и да остане активен, наместо да влегува во војна на зборови со противникот.
"Eres malísimo, te vas a casa".
— Fútbol en Movistar Plus+ (@MovistarFutbol) January 9, 2025
El pique entre Vinicius y Maffeo. #superSupercopa #DeportePlus pic.twitter.com/9UfasvuNpi