ПСЖ повлече конкретни чекори за ангажман на Квича Кварацхелија овој месец, а една ваква зделка ќе значи крај на авантурата на Марко Асенсио во Париз, за Шпанецот ќе нема место.
Голем број на извори вчера објавија дека ПСЖ е во контакт со Наполи и се водат преговори за трансфер на Квича Кварацхелија.
„Наполитанците“ поставиле цена од 80 милиони евра, сакаат само пари и не прифаќаат во зделката да бидат внемати фудбалери, па доколку „светците“ стават ваков предлог на маса, Грузиецот овој месец ќе се пресели во Париз.
Едден ваква зделка ќе значи и крај на авантурата на Марко Асенсио во Париз.
Луис Енрике со месеци не смета посериозно на својот сонародник, па трансферот на Квича Кварацхелија дефинитивно ќе му пресуди на Шпанецот, кој ќе треба да си бара нов клуб.
Но голем проблем е високата плата на Марко Асенсио, кој доби богат договор откако беспари се пресели на „Паркот на принцовите“, поранешниот играч на Реал Мадрид заработува околу 850.000 евра месечно.
Ваква сума тешко кој клуб може и сака да си дозволи, па ПСЖ веројатно ќе треба да покриваат добар дел од платат за да му најдат нова дестинација на Марко Асенсио.