Јанков: Чест ми е да бидам дел од Шкендија, тука сум за да освојувам трофеи

by 24 фудбал
1 минути читање

Ристо Јанков се пресели во Шкендија откако првата полусезона ја мина во Тиквеш. Тој ќе се бори за првотимско место со Астрит Амзаи, а по потписот за клупскиот веб-сајт ги изнесе своите очекувања.

Чест и гордост е да се биде дел од овој тим. Шкендија долго време е еден од најдобрите клубови во Македонија. Сакам да дадам максимум за да му помогнам на тимот и како секоја година да се бориме за двата трофеи. Гостувањата во Тетово секогаш ми биле тешки поради фановите. Навивачите се 12-ти играч давајќи мотивација за игра и победа.

Верувам во трофеи, ако не верував немаше да дојдам тука. Сите во клубот веруваат и всушност клупските цели се такви, па имаме шанса да ги исполниме. Можам да ветам дека како сите играчи ќе се заложам максимално за успеси“, изјави Јанков.

Досега Јанков во Македонија бранеше за Тиквеш, Брегалница, Локомотива и Работнички, а во странство настапуваше за Каспиј и Политехника Јаши.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани