265
Македонскиот прволигаш Воска Спорт ги потпиша договорите со две од најавените три странски засилувања.
Во Охрид на потпис и официјална презентација веќе пристигнаа словенечкиот офанзивен играч за врска Филип Веленчиќ и финскиот фудбалер Туре Сира.
Веленчиќ во Воска доаѓа од редовите на финска Хонка, додека во кариерата настапуваше за Олимпија Љубљана, Монца, Нотс Каунти. Од друга страна Туре Сира игра во средината на теренот и доаѓа од Хака.
Се очекува во Охрид да пристигне и Оива Лаксонен исто така од Хака.