170
Македонскиот
првак Вардар утре го игра реванш мечот против Фенербахче во плејоф рундата од
квалификациите за пласман во групите од Лига Европа, избраниците на Чедомир
Јаневски имаат ветувачки резултат по првата пресметка од Скопје (2-0), па утре
можат да испишат нови страници во историјата македонскиот клупски фудбал.
Вардаровите
фудбалери вечерва го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Шукру Сарачоглу“
во Истанбул, во пресрет на утрешната реванш пресметка со Фенербахче.




Фото:
fkvardar.mk