Динамо по барање на Канаваро почна преговори за нов договор со Ристовски

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб многу ги цени македонските интернационалци, а тоа го докажува наназад низ годините.

Сега клубот од „Максимир“ подготвува нов договор за бекот Стефан Ристовски. Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија е во преговори со управата за продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Ристовски истекува во јуни, но по барање на новиот тренер Фабио Канаваро управата започнува преговоди за продолжување.

Хрватските медиуми исто така открија дека Канаваро побарал во тимот да му останат и најискусните, односно носителите на играта од минатите сезони, а меѓу нив е и Аријан Адеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани