Талески: Знам што значи Вардар, треба да се подобриме во втората полусезона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот Давор Талески е најновото засилување на скопски Вардар. 29-годишникот доаѓа во таборот на најтрофејниот по настапите во Шкендија.

По потписот на договорот, Талески кратко го прокоментира доаѓањето и целите со Вардар.

Знам што значи да се биде дел од ваков голем клуб. Моите очекувања се да се подобриме во втората полусезона. Потоа во следните години сакаме да го вратиме клубот каде што му е местото. Сакаме шампионска титула и успех во Европа“, кратко прокоментира Талески за клупскиот веб-сајт.

Кариерата Талески го водеше низ македонските клубови Шкендија, Победа, Металург, Брегалница, Пелистер и Струга, а настапуваше и за Хонка од Финска и АЕ Лариса од Грција. Тој беше младински репрезентативец, а има и повик во сениорскиот тим на Македонија, но не и настап.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×