Според
информациите кои ги пренесува „Рекорд“, очекувањата се дека нашиот 25 годишен
интернационалец, Стефан Ристовски дебито во дресот на Спортинг Лисабон да го
има во недела на првенствениот меч против Есторил пред домашната публика.
Нашиот
репрезентативец е со експедицијата на Спортинг Лисабон за утрешната реванш
пресметка против Стеауа во Букурешт, откако во првиот дуел во Португалија и
двете екипи одиграа без голови.
Стратегот од
клупата на Спортинг, Жорге Жезус наводно му порачал на Ристовски да се фокусира
за претстојниот меч против Есторил, каде ќе треба да го забележи дебито во
својот нов тим, каде летово пристигна од редовите на хрватскиот првак Ријека.
Фактот што
Ристовски имаше настапи за Ријека во квалификациите од Лигата на шампионите ова
лето, го оддалечи од настап против Стеауа Букурешт во плејофот, според
правилата.