93
Арсенал со 1-0 загуби на гостувањето кај Стоук, а еден од најслабите поединци на теренот беше Месут Озил кој не покажа ништо од своите можности.
Фановите на Арсенал го критикуваа, а оние на Стоук го исмејуваа. Кон шегите на твитер се приклучи и полицијата на Стоук.
На некој кој сакал да пријави грабеж, полицијата на Стоук од официјалниот твитер профил му одговори: „Се извинуваме за доцниот одговор. Бевме зафатени барајќи исчезнат човек со презиме Озил. Дали го имате видено?“.