Барселона пред две недели доби чек од 222 милиони евра со кој Нејмар си го откупи договорот и сите очекуваа тие веднаш да тргнат во шопинг.
Но клубот од Камп Ноу се мачи да донесе соодветни засилувања, Ливерпул не сака да слушне за продажба на Филипе Кутињо, а и Борусија Дортмунд зема цврст став за Осман Дембеле.
Жан Мишел Сери е алтернатива, и се чини дека „Каталонците“ во моментов се најблиску до фудбалерот на Ница.
Тие се подготвени да одвојат 40 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула, но загрижува фактот што Барса сака оваа сума да ја плати на две рати.
Многумина се чудат како Барса со толку голем приход и еден од најголемите буџети во светот на фудбалот, како и парите од продажбата на Нејмар не може да даде 40 милиони евра.
Медиумите од „Островото“ минатата недела објавија детали од понудата за Филипе Кутињо, и таму исплатата беше проблем.
И покрај тоа што предлог е вреден 125 милиони евра, Барса сака да исплати фиксен дел од 90 милиони евра на пет рати, како и бонуси кои можеби никогаш нема да бидат остварени.