Аморим објасни зошто го извади Зиркзе по само половина час игра!

by riste
1 минути читање

Не помина долго откако е назначен за нов тренер на Манчестер јунајтед, а Рубен Аморим веќе се соочува со голем притисок поради лошите резултати.

Манчестер јунајтед вчера загуби со 2-0 на Олд Трафорд од Њукасл, Рубен Аморим веќе почна да го чувствува големиот притсок.

Тој вчера направи неколку потези кои ги изненадија сите. Најпрво го извади Зиркзе по половина час игра. Фудбалерот понижен замина директно во соблекувалната.

„Зиркзе е навистина добро момче. Ќе му дадеме поддршка и одиме понатаму. Навистина ми беше тешко да го направам тоа, но зборував со Џош и му реков дека беше важно да испратиме порака. За тимот беше потребно тој да биде изваден од игра“, рече Аморим.

Португалскиот стратег вчера конечно го повика Маркус Рашфорд во составот, но напаѓачот остана на клупата за резерви иако Манчестер јунајтед губеше со 2-0 од Њукасл по 20 минути игра.

Со оглед на тоа што Рашфорд е искусен напаѓач, а Јунајтед имаше негатива на Олд Трафорд, логично беше прашањето на новинарите зошто тој не влезе во игра? Но, Аморим имаше нервозен одговор.

„Јас мислам на тимот, вие многу мислите на Рашфорд“, рече кратко Аморим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани