802
Милан одигра 1-1 против Рома на Сан Сиро, Рајндерс ги донесе домаќините во предност, но гостите брзо одговорија преку Дибала.
На Пауло Фонсека му се подготвува отказ, гласините почнаа да кружат уште пред натпреварот помеѓу Милан и Рома, а продолжија и по завршувањето откако „росонерите“ не победија.
Домаќините одлично го започнаа натпреварот и поведоа со голот на Рајндерс во 16. минута, но гостите брзо одговорија и изедначија преку Дибала во 23. минута.
Dybala that is a BEAUTY.. pic.twitter.com/ce6TlS7Gz6
— Frank🧠🇵🇹 (fan) (@AmorimEra_) December 29, 2024
Во продолжението од натпреварот, двете екипи имаа свои шанси за победа, особено Рома беше опасна во завршницата, но конечниот резултат на крајот гласеше 1-1.