592
Најтрофејниот македонски клуб, Вардар донесе уште едно засилување за продолжението од сезоната, „црвено-црните“ го ангажираа Димитар Тодоровски.
Вардар е прилично активен во зимскиот преоден рок, веќе ги обезбеди потписите на Михал Пинтер, Ѓорѓије Јанкулов, Михаил Маневски и Мите Цикарски.
Денеска пристигна информација за уште едно ново име, „црвено-црниот“ дрес во продолжението од сезоната ќе го носи и Димитар Тодоровски.
„Чест и задоволство е да се биде дел од најголемиот фудбалски бренд во Македонија. Очекувам да се искачиме повисоко на табелата и да го освоиме Купот“ – вели Димитар Тодоровски, кој е капитен на младинската репрезентација на Македонија.