1,2K
Арсенал размислува за ангажман на Рандал Коло Муани од ПСЖ по повредата на Букајо Сака, кој може да паузира до март месец.
Букајо Сака заработи незгодна повреда во победата од 5-1 над Кристал Палас, последните информации велат дека Англичанецот може да биде надвор од стројот дури до март месец.
Па како што пренесува Стандард, ова го принудува Арсенал да размислува за ангажман на нов офанзивен фудбалер.
На листата со желби има неколку имиња, а едно се одвојува од другите – Рандал Коло Муани.
Французинот е третото најскапо засилување на ПСЖ, но и покрај тоа што беа инвестирани преку 90 милиони евра за негов ангажман, тој може да ја промени средината бидејќи Луис Енрике не смета сериозно на неговите услуги.