По мечот во
Скопје, шефот на стручниот штаб на турскиот гигант издвои дека неговиот тим го
диктирал темпото на игра во натпреварот, а домаќинот од две прилики, од која
едната беше автогол, дојде до победа во првата пресметка.
„Нашата
основна цел пред тешкиот натпревар со Трабзон беше да обезбедиме позитивен
резултат од овој натпревар и со подобра психа да се подготвиме за следниот
натпревар. Тргнувајќи од резултатот многу си ја отежнавме работата. Од првата
до последната минута одигравме како што треба, имавме 16 шутеви и седум шанси,
нашиот противник немаше ниту еден напад, но преку двете прилики кои ние им ги
создадовме постигна два гола, и сега многу си ја отежнавме работата. Само едно нешто ни преостанува, да се вратиме психички добро, за да се подготвиме за Трабзон, а
потоа да го чекаме Вардар во Истанбул, да го реализираме она што не го
реализиравме денеска“ издвои стратегот
од клупата на Фенербахче, Ајкут Кочаман по мечот.