Шкендија игра во грч на Сан Сиро, Милан со високо водство уште на полувремето (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Македонскиот вицепрвак
Шкендија има висока негатива од 3-0 против Милан на гостински терен, имаше свои
шанси нашиот претставник, вкупно две, посериозни, но Абдурахими и Ибраими не
погодија во мрежата од голот на домаќинот.

Милан поведе со 1-0 со голот на Андре Силва во 13. минута,
а голот за водство на домаќините дојде по една грешка во играта на Шкендија, на
мошне чувствително место од теренот.

Радески не ја исконтролира топката веднаш до казнениот
простор на Шкендија, фудбалерите на Милан веднаш дојдоа до топката и реализираа
акција по која дојдоа до водство на мечот во Милано.

Првата шанса за
нашиот претставник ја имаше Абдурахими, кој по една нафрлена топка во 22. минута
имаше изгледна прилика да ја затресе мрежата на домаќините, но биеше над голот
со полуволеј.

Милан поведе и со
2-0 против Шкендија, а стрелец на вториот гол за домаќините беше Монтоливо кој
во 25. минута искористи отпадок во казнениот простор на нашиот претставник.

Најнапред Захов
го одбрани ударот од слободен удар на Чалханоглу, одбиената топка стигна до
Монтоливо кој без потешкотии биеше во мрежата за водство од 2-0.

Домаќините дојдоа
и до водство од 3-0 против Шкендија, овој пат во 28. минута со вториот гол на
мечот за Андре Силва, откако Португалецот покажа моќ во дуелот со своите
противници во казнениот простор на нашиот претставник.

Шкендија дојде до
нова прилика за гол, но Ибраими иако беше во изгледна прилика, биеше само
покрај левата статива.

Милан го задржа
водството од 3-0 до крајот на првите 45 минути игра на мечот во Милано, а
истото можеше да биде и повисоко, со оглед на неколкуте мини-прилики до крајот
на првото полувреме.

Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Цицули, Ибраими,
Тотре, Хасани, Челиковиќ, Радески, Тодоровски и Абдурахими
.

Мечот во Милано го
суди австрискиот арбитар Харалд Лехнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани